Како до *.mk домен?

GoHost нуди регистрација на македонски и странски домени и тоа со следните наставки: .mk, .com.mk, .net.mk, .org.mk, .inf.mk, .edu.mk, .com, .net, .org, .biz, .tv , .al, .rs, и многу други...

Секој може да регистрира македонски или странски домен преку GoHost, без разлика дали е тоа физичко лице или регистрирана компанија/фирма/организација. GoHost е официјален регистрар за Македонските домени.

Лицето/фирмата што ќе ја изврши регистрацијата преку GoHost ја има целата сопственост врз доменот. Тоа значи: промена на ДНС сервери (именски опслужувачи) во секое време од страна на сопственикот, промена на доменот на име на друга фирма/компанија (трансфер), откажување на доменот, додавање на пристап на сопственост на повеќе лица (контакти).

GoHost нуди уникатен и единствен точен пребарувач за македонските домени. Пребарувачот ви укажува на тоа дали може саканиот домен да биде регистриран или не. Доколку доменот е слободен за регистрација тогаш можете да извршите нарачка и да го регистрирате доменот преку GoHost. Ако пребарувачот за домени ви даде резултат дека доменот неможе да се регистрира, тоа значи дека саканиот домен е веќе регистриран или неможе да се изврши регистрација на доменот.

За проверка, регистрација/нарачка на домени, кликнете тука.

- Доколку доменот биде регистиран на нашите хостинг сервери, односно доколку со доменот нарачате и хостинг пакет, тогаш ние го подесуваме истиот и ги доставуваме именските опслужувачи (ДНС сервери).

- Доколку сакате доменот да биде регистиран и хостиран на други хостинг сервери, тогаш треба да ги внесете именските опслужувачи (ДНС серверите) од провајдерот каде што ќе го хостирате доменот. Во случај да не ги знаете, може да ги изберете ДНС серверите на GoHost, а во иднина лесно, на нашата веб страна да ги промените во секое време.

Пример за ДНС сервери:
ns1.globalmacedonia.info
ns2.globalmacedonia.info

Доколку не сакате да биде хостиран доменот (активен на некој хостинг провајдер/хостинг простор ), GoHost може да го постави истиот на свои ДНС сервери, со што тој би бил само активно регистриран. Ова е одлична опција доколку сакате доменот да го регистрирате на време, пред некој друг да Ви го закупи името, а доколку сеуште не планирате да го користите за презентација на Вашата веб страна.

Временскиот период за регистрација е независен и се движи од неколку минути по уплата до неколку часа.

- Доколку доменот биде регистиран на нашите хостинг сервери, односно доколку со доменот нарачате и хостинг пакет, тогаш ние го подесуваме истиот и ги доставуваме именските опслужувачи (ДНС сервери).

-Доколку сакате доменот да биде регистиран и хостиран на други хостинг сервери, тогаш треба да ги внесете именските опслужувачи (ДНС серверите) од провајдерот каде што ќе го хостирате доменот. Во случај да не ги знаете, може да ги изберете ДНС серверите на GoHost, а во иднина лесно, на нашата веб страна да ги промените во секое време.

Дали Ви помогна овој одговор? 2 Корисниците го најдоа ова како корисно (2 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution