Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

Доколку имате регистрирано домен во GoHost може да го промените регистрантот (сопственикот) на доменот во било кое време.

 

Процедурата за промена на регистрант на домен кој е регистриран во GoHost е следна:

 

За промена на регистрант (сопственик на доменот) потребни се две барања (се користи истото барање за стариот и новиот сопственик - регистрант). Барањето може да го превземете од овој линк.

 

Едното од барањата пополнете го со податоци од моменталниот регистрант (сопственик - правно или физичко лице) на доменот, потоа штиклирајте го полето промена на регистрант, а во полето Целосен назив на новиот регистрант внесете го името на новиот регистрант (новиот сопственик) на доменот. На крај, ставете потпис и печат (доколку се работи за правно лице) на барањето. Потписот и печатот треба да бидат од стариот регистрант (од оној чии податоци ги внесовте погоре).

 

Генерирајте уште едно барање, така што истото ќе го пополните со податоци од новиот регистрант (новиот сопственик) на доменот и ќе го штиклирате полето регистрација на доменот. На ова барање ставете потпис и печат (доколку се работи за правно лице). Потписот и печатот(за правни лица) треба да бидат од новиот регистрант (новиот сопственик).

 

Двете барања потребно е да ни ги доставите на еден од следниве начини:

 

     -  лично, во просториите на GoHost - мапите може да ги најдете на следниот линк: http://www.gohost.mk/aboutus

     -  по пошта до: Веј Глобал ИТС Д.О.О, Партизански Одреди 48А,1000 Скопје, Македонија

     -  со дигитален потпис (доколку поседувате) и барањето ни го праќате на domains@gohost.mk

 

(Доколку стариот или новиот регистрант е физичко лице, потребно е барањето да се достави лично)

 

Кога ќе ги добиеме барањата сопственоста на доменот ќе биде променета. Оваа промена не се наплаќа. Датумот на истек на доменот не се менува. Новиот регистрант ќе биде одговорен за правата на доменот и обнова за истиот во иднина. Доколку имате регистрирано домен во GoHost може да го промените регистрантот (сопственикот) на доменот во било кое време.
Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution