Како да креирам е-маил адреса?

Во денешно „Интернет време“, кога се` се базира и случува на Интернет, освен што е важно да имате свој регистриран домен за вашата компанија, многу е важно да имате и своја професионална e-mail адреса (пример: email@vasdomen.mk) 

За да креирате ваша професионална e-mail адреса најпрво ќе треба да закупите даден хостинг пакет, односно место каде што ќе може да ја поставите вашата веб страница и да ги креирате и чувате вашите e-mail адреси. 

 

Со закуп на хостинг пакет кај нас, добивате податоци за најава на вашиот контролен панел (cpanel). Cpanel претставува контролен панел, на кој може да се логирате и преку кој може да управувате со вашиот хостинг простор (односно да поставувате содржини за вашата веб страница, да креирате бази на податоци или пак да креирате ваши e-mail адреси). За креирање на ваши e-mail адреси (пример: username@ime-na-vasiot-domen) следете ги следниве чекори: (Доколку наидете на било каков проблем, слободно контактирајте лице од GoHost за помош): 

 

Чекор 1: Најавете се на вашиот cPanel акаунт. За најава во вашиот контролен панел користете го следниов линк: http://imenadomenot.com.mk/cpanel (каде imenadomenot треба да го замените со името на носечкиот домен од хостингот) со соодветно корисничко име и лозинка (Доколку не ги знаете податоците за најава, слободно контактирајте лице од GoHost за да ви помогне). 


 

 

Чекор 2: Откако ќе пристапите до контролниот панел од листата насловена Mail изберете Email Accounts.

 



Чекор 3: Во новоотворениот прозорец во соодветните полиња внесете ги е-маил адресаталозинката и  посакуваната квота, по што треба да изберете Create Account.

 

 

 

Со оваа постапка имате успешно креирана е-маил адреса.

 

Како администратор кој ја креирал адресата со лозинка истата ja проследувате до корисникот, кој првенствено заради сопствена заштита од негов интерес е што поскоро да ја промени лозинката.
  • 0 Корисниците го најдоа ова како корисно
Дали Ви помогна овој одговор?

Понудени резултати

Подесувања на е-маил за Android 5.x.x (Lollipop) (SMTP/IMAP/POP3)

За да ја поставите Вашата е-маил сметка преку IMAP / POP3 / SMTP протоколите, направете ги...

Подесувања на е-маил во Outlook - POP3

Outlook – POP3 протокол Чекор 1: Откако ќе отвориле Outlook од менито TOOLS изберете ја...

Подесувања на е-маил во Outlook - IMAP

Чекор 1: Откако сте отвориле Outlook од менито Tools изберете ја опцијата Account Settings....

Како да променам лозинка на одредена e-mail адреса?

Процедура за промена на лозинка на дадена e-mail адреса.    Чекор 1: Логирајте се на вашиот...

Поставување на Мail Forwarders

Доколку имате потреба да ги препраќате пораките од вашата е-пошта на друга или на некоја...

Powered by WHMCompleteSolution