Подесувања на е-маил за Android 5.x.x (Lollipop) (SMTP/IMAP/POP3)

За да ја поставите Вашата е-маил сметка преку IMAP / POP3 / SMTP протоколите, направете ги следните чекори во вашиот Android уред:

Чекор 1: Отворете "Settings" на вашиот Андроид уред и одете во "Accounts" - во делот "Personal":



 

Чекор 2: Во прозорецот кој се отвори изберете "+ Add Account" најдолу на екранот:




Чекор 3: Во следниот прозорец ќе треба да изберете дали сакате да поставите IMAP или POP3 сметка. 
Едноставно одберете ја посакуваната опција со притискање на Personal (IMAP) или Personal (POP3)




Чекор 4: Во следниот прозорец ќе треба да ја внесете Вашата е-маил адреса. Бидете сигурни дека ќе ја внесете во целост.




Чекор 5: Откако ќе ја внесете е-маил адресата во целост, притиснете на Next за да одите на следниот Чекор.

Чекор 6: Тука ќе треба да ја внесете вашата лозинка од вашата e-mail сметка.




Чекор 7: Тука ќе треба да ги внесете следните параметри за IMAP/POP3 во зависност од избраниот протокол. 
За користење на POP3, внесете ги следните параметри: 

Username: целосно е-маил адресата 
Password: вашата е-маил лозинка 
Server: cpanel1.gohost.mk 
POP3 Port: 995
Security Type: SSL/TLS (Accept All certificates) ) 



Чекор 8: Доколку одбравте да користите IMAP протокол, користете ги следниве параметри:

Username: целосно е-маил адресата 
Password: вашата е-маил лозинка 
Server: mail.ime-na-domain.mk
IMAP Port: 993
Security Type: SSL/TLS (Accept All certificates) ) 




Чекор 9: Откако ќе ги внесете сите параметри, одете на Next за да се верифицираат а потоа продолжете со следниот чекор за поставките испраќање на пораки во делот Outgoing Server settings.

Чекор 10:
Тука внесете ги следните параметри:

SMTP Server: mail.ime-na-domain.mk 
Port: 465 
Security Type: SSL/TLS (Accept All certificates) 
Username: целосно е-маил адресата 
Password: вашата е-маил лозинка 





Чекор 11: Откако ќе ги внесете сите параметри, одете на Next за да се верифицираат и тука завршува поставувањето на вашата е-маил сметка.

  


Тоа е тоа!               

Ви треба дополнителна помош? Контактирајте го нашиот Центар за помош

Дали Ви помогна овој одговор? 1 Корисниците го најдоа ова како корисно (1 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution