Како да го префрлам мојот домен во GoHost?

Доменот од било кој регистрар може да го префрлите во GoHost, без разлика дали се работи за македонски или пак за интернационален домен.

 

Процедура за трансфер на Македонски домен во GoHost (.mk, .com.mk, .edu.mk, .org.mk, .net.mk, .inf.mk)

 

За да го префрлите вашиот македонски домен од моменталниот регистрар во GoHost ќе треба да го земете ЕПП кодот за трансфер од вашиот моментален регистрар.

 

Откако ќе го имате ЕПП кодот, можете да ни го испратите на domains@gohost.mk или преку следниот линк да направите нарачка: Трансфер на домен


Процедура за трансфер на Интернационални домени во GoHost (.com, .org, .net, и сите останати)

 

За да го префрлите вашиот интернационален домен од моменталниот регистрар во GoHost ќе треба да го земете AUTH кодот за трансфер од вашиот моментален регистрар , но воедно да направите и "Unlock" за трансфер на вашиот домен.

 

Откако ќе ни го доставите кодот и доменот ќе биде отклучен за трансфер, процедурата започнува веднаш, со тоа што ќе добиете емаил за да се согласите со барањето за трансфер.

 

Процедурата за овие домени трае од 1 до 5 работни денови!

Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution