За да ја поставите Вашата е-маил сметка преку IMAP / POP3 / SMTP протоколите, направете ги следните чекори во вашиот iPhone уред:
Чекор 1: Отворете "Settings" од почетниот екран (home screen) на вашиот iPhone уред:
Чекор 2: Во прозорецот кој се отвори одберете "Mail, Contacts, Calendars", па потоа "Add Account":
Чекор 3: Во следниот прозорец од листата одберете "Other":
Чекор 4: Во следниот прозорец прво одберете "Add Mail Account", а потоа во "New Account" ќе треба да ги внесете следните параметри за Вашата е-маил адреса. Бидете сигурни дека ќе ги внесете во целост.
- Name – вашето име или името на фирмата (ќе се прикажува кај корисниците како име на испраќач)
- Email – целосно вашата е-маил адреса
- Password – вашата е-маил лозинка
- Description – опис на е-маил акаунтот (на пример: сметководство, финансии и сл.)
*Откако ќе ги внесете сите информации во целост, притиснете на Next за да одите на следниот Чекор.
Чекор 5: Во следниот прозорец ќе треба да изберете дали сакате да поставите IMAP или POP3 сметка. Ние советуваме да користите IMAP за мобилни уреди. Избраниот начин ќе биде означен со плава боја.
Чекор 6: Тука ќе треба да ги внесете следните параметри за IMAP/POP3, кои се исти и за двата протоколи.
- Name, Address и Description: треба веќе да ви се пополнети
- Host name: mail.ime-na-domain.mk
- User Name: целосно вашата е-маил адреса
- Password: вашата е-маил лозинка
Во Incoming Mail Server и Outgoing Mail Server, треба да имате исти параметри:
*Откако ќе ги внесете сите информации во целост, притиснете на Next за да одите на следниот Чекор.
Чекор 7: Доколку одбравте да користите IMAP, можете да ги користите и следните сервиси:
*Притиснете на "Save" и почекајте додека системот ги провери внесените параметри.
Чекор 8: Кога ќе завршат сите проверки, ќе ви се отвори прозорецот "Mail, Contacts, Calendars". Одберете ја вашата ново-креирана е-маил сметка:
Чекор 9: Во новиот прозорец одете најдолу на екранот и одберете "Advanced":
Чекор 10: Тука можете да поставите дополнителни параметри за IMAP или POP3.
Доколку одбравте IMAP протокол, ќе треба да ја користите портата 993 (со вклучен SSL).
Поставете IMAP Path Prefix во INBOX:
Доколку одбравте да користите POP3 протокол, ќе треба да ја користите портата 995 (со вклучен SSL).:
Чекор 11: За да поставите и SSL конекција при испраќање пораки ќе биде потребно да се вратите во преходното мени а потоа да во делот "Outgoing Mail Server" да одберете "SMTP - cpanel1.gohost.mk" (како на сликата):
Чекор 12: За Outgoing Server (SMTP), одберете порта 465 (со вклучен SSL):
*Откако за сите внесени параметри ќе се направи финална верификација, вашата е-маил сметка ќе биде спрема за користење.
За направите тестирање, одете во "Messages" и обидете се да испратите или примите некоја порака.
Тоа е тоа!
Ви треба дополнителна помош? Контактирајте го нашиот Центар за помош