Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставите податоци за административен и технички контакт. Тоа се контакти кои освен главната е-пошта на регистрантот на доменот (сопственикот на доменот) ќе можат да бараат и прават технички и/или административни промени/барања околу доменот и неговото управување. Токму затоа потребно е истите да бидат точни. Често пати сопственикот на доменот има потреба за промена на овие контакти. Оваа промена може да ја направите вие самите следејќи ги инструкциите дадени подолу:

 

1. Најавете се на вашата корисничка сметка https://www.gohost.mk/client/login

 

 

 

2. Откако успешно ќе се најавите во менито изберете ДОМЕНИ

 

 

 

3. Откако стиснавте на табот ДОМЕНИ ќе ви се појави листа на сите домени кои ги имате регистрирано во GoHost. За да измените некој домен, кликнете на копчето ПРЕГЛЕДАЈ во најдесната колона.

 

 

 

4. Потоа влезете во менито КОНТАКТИ кадешто ќе ви бидат прикажани административниот и техничкиот контакт. За да ги направите измените кликнете на копчето ИЗМЕНИ.

 

 

Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution