Како да менувам/додавам рекорди во ДНС зоната на мојот домен?

Со регистрација на домен во GoHost добивате бесплатна услуга ДНС хостинг која овозможува комплетна контрола на вашата ДНС зона. Односно, преку веб интерфејс на корисничкиот профил на GoHost ќе може да управувате со сите записи за вашата ДНС зона, како А, АААА, MX, CNAME, NS, TXT, SRV рекорди. Можете слободно да додавате, бришете и менувате дополнителни записи од ДНС зоната. Дополнително, со еден клик може да конфигурирате и користите MX записи на Google. Притоа, доколку згрешите, може да ја рекреирате целата зона.

 

За управување со ДНС зоната има два начини. Првиот е преку вашата корисничка сметка - со користење на ДНС хостингот, а вториот е преку Cpanel и е возможен доколку веќе имате закупено веб хостинг во GoHost.

 

Управување со ДНС зоната на вашиот домен преку вашата корисничка сметка со ДНС хостинг услугата

 

Чекор 1: Логирајте се на вашата корисничка сметка. (линк: https://www.gohost.mk/client/login). Тука најавете се со вашето соодветно корисничко име и лозинка.

 

 

 

Чекор 2: Откако ќе се најавите со вашиот профил, кликнете на табот ДОМЕНИ.

 

 

 

Чекор 3: Откако стиснавте на табот ДОМЕНИ ќе ви се појави листа на сите домени кои ги имате регистрирано во GoHost. За да измените некој домен, кликнете на копчето прегледај во најдесната колона.

 

 

 

Чекор 4: Во горното мени можете да ги правите сите операции со доменот.

 

 

Помог ли вам данный ответ? 0 Пользователи нашли это полезным (1 голосов)

Powered by WHMCompleteSolution