Постапка за бришење на домен

Доколку имате активен домен во GoHost, но истиот веќе не Ви е потребен и не сакате да го користите, може да поднесете барање до нас за стопирање на услугата и бришење на доменот.

 

Постапката за бришење на домен е следна:

 

Чекор 1: Најавете се во корисничкиот систем на GoHost.

 

 

 

Чекор 2: Откако ќе се најавите кликнете на менито ДОМЕНИ

 

 


Чекор 3:
 Откако кликнавте на табот ДОМЕНИ ќе ви се појави листа на сите домени кои ги имате регистрирано во GoHost. За да измените некој домен, кликнете на копчето ПРЕГЛЕДАЈ во најдесната колона.

 

 

Чекор 4: Во новиот прозорец кликнете на табот СТОПИРАЊЕ НА УСЛУГАТА, превземете го барањето за бришење на домен и кликнете на копчето ПОБАРАЈ ИСКЛУЧУВАЊЕ.

 

 

 

Чекор 5: Барањето за бришење на домен можете да ни го испратите преку е-пошта или директно во нашите простории на:

 

Партизански Одреди 48А,1000 Скопје, Македонија

 

Доколку сопственикот на доменот е физичко лице барањето потребно е  да биде доставено лично.
Esta resposta foi útil? 0 Utilizadores acharam útil (1 Votos)

Powered by WHMCompleteSolution