Сакам да регистрирам домен, но сакам да биде хостиран на друг провајдер

GoHost ви ја нуди можноста да регистрирате домен, а доменот да биде хостиран на друго место.

 

Најпрво проверете дали името на доменот што сакате да го регистрирате е слободно за регистрација. Доколку е веќе зафатено и припаѓа на друг сопственик, обидете се со друго име или друга наставка.

 

Доколку сакате да проверите име на домен кликнете на следниот линк:

http://www.gohost.mk/domeni

 

Кога конечно ќе се одлучите за името на вашиот домен, слободно може да извршите нарачка на доменот, секако доколку е слободен за регистрација.

 

Можете да си го регистрирате доменот и да го поставите на наш сервер, колку само да го имате и да си го чувате за во иднина кога ќе планирате да го активирате и да си креирате свој веб сајт.

 

Или пак да го регистрирате доменот и да го хостирате на друг сервер. Слободно може да го хостирате својот домен каде што ќе посакате, а во иднина доколку сакате да ја промените хостинг компанијата можете да извршите промена на ДНС серверите во било кое време.

 

1) Доколку се работи за интернационален домен (com/org/net и слични други наставки) - тогаш со самата активација на доменот од наша страна си добивате посебен контрол панел за доменот каде што ќе може да вршите менаџирање и во секое време самите да си правите промена на ДНС сервери, промена на контакт информациите, дури доделуваме и бесплатно пренасочување, бесплатно менаџирање на рекордите на доменот...

 

По потреба ќе може да извршите трансфер на доменот на друг регистрар. GoHost нема никогаш да го попречи ова. Вие имате директен пристап до доменот и може да вршите отклучување на истиот, како и добивање на EPP код за трансфер.

 

2) Ако се работи за Македонски домен (com.mk / mk / net.mk) - тогаш ќе треба однапред да имате закупено хостинг простор кај некој провајдер / односно да биде поставен на хостинг серверот каде што ќе планирате да си ја поставите веб страната.

 

При овој процес ќе треба да бидат задоволени неколку барања што Македонскиот регистрар ги побарува кога се регистрира ново домен име, а исто така и кога се прават промена на ДНС серверите, а тоа се:

 

- Барателот е должен, пред поднесувањето на барањето, да обезбеди најмалку два коректно поставени именски опслужувачи за предметниот домен, видливи на интернет.

- Коректно поставени именски опслужувачи (ДНС сервери) се оние опслужувачи кои имаат соодветна програмска поддршка за именско опслужување и притоа:

 

• имаат точно еден SOA запис за предметниот домен

• имаат NS запис за секој именски опслужувач

• имаат А запис за секој именски опслужувач

• сите именски опслужувачи даваат идентичен одговор на упити во поглед на претходните 3 точки.

 

GoHost може да го регистрира .mk домен името со било кои ДНС сервери кои ги исполнуваат горенаведените услови. Доколку има грешки во поставеноста на доменот, GoHost ќе ве извести за да превземете мерки и да ги исправите грешките сѐ со цел успешна регистрација на mk доменот.

 

Периодот за регистрација на интернационалните и македонски домени е моментален и е веднаш по уплатата на доменот.

 

Доколку поставувањето на доменот не ви е јасна, доставете ги овие податоци на вашиот хостинг провајдер и тој точно ќе знае како да го постави доменот.

 

Други операции по регистрација на Македонски домен се:

 

- можност да го префрлите доменот на име на друга личност или компанија преку GoHost во секое време

- можност да се префрли доменот на име на друга компанија со издавање на документ од GoHost

- можност да се избрише доменот и да не постои повеќе

- промена на ДНС сервери по потреба

 

По активација на Македонскиот домен, GoHost ќе ве извести преку е-пошта.

 

GoHost има регистрирано над 2200 Македонски домени и илјадници интернационални домени за нашите клиенти до сега и може да кажеме дека сме прва компанија во Македонија која има регистрирано добар процент од Македонските домени на интернет сферата.

 

Може да се пофалиме и со одличната поддршка за нашите клиенти при процесот на оддржување и менаџирање на домените преку GoHost.

 

Задоволство на клиентите е секогаш наш приоритет!
Esta resposta lhe foi útil? 0 Usuários acharam útil (0 Votos)

Powered by WHMCompleteSolution