Како да си нарачам хостинг пакет?

Нарачка може да направите директно преку сајтот на GoHost кликнувајќи тука.

 

Чекор 1: Одберете го пакетот кој го посакувате според вашите потреби и кликнете НАРАЧАЈ.

 

 


Чекор2: Потоа нашиот систем ќе ве запраша како сакате да го користите хостинг, т.е. дали сакате да регистрирате домен со хостинг пакетот, да направите трансфер на вашиот веќепостоечки домен или пак да ги промените именските опслужувачи (DNS адреси).

 

 


Чекор 3: Откако ќе одлучите како сакате да го користите хостингот, треба да го одберете начинот на плаќање и да кликнете на копчето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА.

 

 

 

Чекор 4. Во овој прозор се наоѓа вашата кошничка и вашата нарачка. Доколку сте сигурни дека тоа е производот што сакате да го нарачате во GoHost, кликнете на ПОТВРДИ НАРАЧКА.

 

 

 

Чекор 5: За да направите нарачка во GoHost, треба да сте наш корисник. Во следниот прозорец треба да ги внесете вашите податоци, да одберете начин на плаќање и да кликнете потврди. Доколку одберете да плаќате во банка, фактурата за нарачката ќе ви биде испратена на наведената е-пошта. Доколку плаќате со кредитна картичка, треба да ги внесете податоците од кредитната картичка.

 

 

Дали Ви помогна овој одговор? 0 Корисниците го најдоа ова како корисно (0 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution