Што e веб хостинг?

Веб хостинг претставува простор алоциран на сервер прикачен на брза интернет конекција. Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. GoHost нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостингот всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:

- Сообраќај, ова е месечниот трансфер на податоци (слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот.

- Е-пошта со помош на која ќе испраќате и примате пораки до вашите пријатели/соработници...

- BACKUP кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, дали тоа ќе биде клиентска ненамерна грешка, дали ќе биде хакерски напад кој што може да ја избрише веб страната, па се до хардверски проблеми на серверот.

- Control Panel - панел кој ќе ви овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку кликови ќе може да креирате е-маил адреса, или пак да инсталирате некоја скрипта (пр. Wordpress).

Дали Ви помогна овој одговор? 4 Корисниците го најдоа ова како корисно (5 Гласови)

Powered by WHMCompleteSolution