Без разлика за каков вид на веб сајт станува збор, сите сајтови треба да исполнат одреден број на услови за комплетно да функционираат. Проверете кој програмерски јазик и која база се користела за создавање на апликацијата, бидејќи ова е основата да ви помогне при изборотот на Linux или Windows хостинг.
Откако ќе се одлучите помеѓу Windows или Linux, во зависност од големината на вашиот сајт и колку интернет сообраќај очекувате, треба да одберете еден од пакетите. Можете да ја контактирате нашата техничка поддршка која со задоволство ќе ви помогне да го изберете пакетот кој најмногу ви одговара.