Како да пренасочите домен преку системот на GoHost (доколку вашите именски опслужувачи се следните: ns5.globalmacedonia.info и ns6.globalmacedonia.info)

Чекор 1: Најпрво најавете се во корисничкиот систем на GoHost.

 

 

 

Чекор 2: Откако ќе се најавите кликнете на менито ДОМЕНИ.

 

 

 

Чекор 3: Во новиот прозорец ќе ви бидат прикажани сите домени кои ги имате регистрирано преку GoHost, одберете го доменот кој сакате да го пренасочите и кликнете ПРЕГЛЕДАЈ.

 

 

 

Чекор 4: Откако ќе влезете во посакуваниот домен, ќе ви се појави ново мени за операции со доменот. За да го пренасочите доменот кликнете на DNS ХОСТИНГ од новото мени.

 

 

 

Чекор 5: Откако ќе влезете во DNS ХОСТИНГ, на десната страна над записите ќе најдете две копчиња. Едното е НОВ ЗАПИС, а другото е ДРУГО. За да го пренасочите доменот потребно е да кликнете на ДРУГО, а потоа на HTTP РЕДИРЕКЦИЈА.

 

 

 

Чекор 6: Следно ќе ви се отвори прозорче во кое треба да внесете податоци, дали сакате да го пренасочите доменот или некој поддомен. Откако ќе ги внесете бараните податоци, кликнете на копчето ИЗМЕНИ.

 

 

 

Со ова вашиот домен е успешно пренасочен кон саканата дестинација.
Var dette svaret til hjelp? 0 brukere syntes dette svaret var til hjelp (2 Stemmer)

Powered by WHMCompleteSolution