Како и кој може да регистрира .com.mk, .org.mk, .edu.mk или .inf.mk домен?

Регистрацијата на горенаведените домени исто така може да се изврши онлајн, со тоа што освен стандардните информации, потребно е да се наведат: “Целосен назив на правното лице” и “ЕДБ” (Единствениот Даночен Број).

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: com.mk, net.mk и inf.mk - имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: org.mk - имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: edu.mk - имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

Bu cevap yeterince yardımcı oldu mu? 0 Bu dökümanı faydalı bulan kullanıcılar: (0 Oy)

Powered by WHMCompleteSolution