Домен е името кое е карактеристично за секоја веб страна. Сите веб страни на Интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси ( пр. 94.155.49.236 ), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат. Домените се уникатни и неможе да се дуплираат. Возможно е да има две исти имиња со различни додатоци (пр. gohost.org , gohost.com.mk и слично). Крајните додатоци не се многу важни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку вашата веб страна таргетира посетители од Македонија, додатокот да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.
Што e домен?
Kapcsolódó cikkek
Powered by WHMCompleteSolution